Достапни линкови

Попоски со нов пристап на средбата со Аврамопулос


Никола Попоски

Никола Попоски

Министерот за надворешни работи Никола Попоски на средбата со неговиот грчки колега Аврамопулос в понеделник во Њујорк ќе настапи со нов пристап дека надминувањето на билатералниот спор околу името е заеднички интерес на двете земји. На денешниот брифинг за новинарите, Попоски додаде дека обидите ќе одат во насока да ги урнеме бариерите кои, како што рече, ни се вештачки наметнати дека претставуваме закана за некого. Не треба да креираме посебни очекувања, да почекаме средбата да се случи и од неа да извлечеме заклучоци, истакна тој.
Шефот на македонската дипломатија рече дека засега не гледа материјал за создавање негативна клима со соседна Бугарија и дека е убеден оти Бугарија нема никаков интерес да стане нова бариера за македонското членство во ЕУ и НАТО.
XS
SM
MD
LG