Достапни линкови

ОН ги осудија карикатурите на пророкот Мухамед


Кабул, 21.09.2012.

Кабул, 21.09.2012.

Агенцијата на Обединетите нации за човекови права денеска ги осуди филмот и каракитурите во кои се исмева пророкот Мухамед, но и насилните протести во муслиманскиот свет. Портпаролот на Агенцијата Руперт Колвиље изјави дека и филмот и карикатурите се намерно провокативни, додавајќи:„Но, нема оправдување за насилните и деструктивни дејства.“ Во десетдневните насилни реакции за филмот „Невиноста на муслиманите“ и за сатиричните карикатури во француското списание „Шарли ебдо“ загинале над 30 луѓе.
XS
SM
MD
LG