Достапни линкови

Претседателот Иванов од денеска во Њујорк


Претседателот на Македонија Ѓорге Иванов

Претседателот на Македонија Ѓорге Иванов

Претседателот на Македонија Ѓорге Иванов од денеска до 29 септември ќе престојува во Соединетите Американски Држави. Повод за посетата е учеството на Генерално собрание на Обединетите нации, каде што ќе има обраќање на 27 септември. Тој ќе има средба со генералниот секретар Бан Ки Мун, како и со неговиот специјален пратеник во разговорите за името Метју Нимиц. Иванов притоа ќе го реафирмира барањето за деблокада на македонските интеграциски процеси за членство во Европската унија и НАТО, преку почитување на пресудата од Хаг и меѓународно преземените обврски, а ќе побара и деблокада на процесот кој се води под покровителство на генералниот секретар на ОН за надминување на разликата околу името. Претседателот Иванов ќе се сретне со претставниците на македонската дијаспора во Њу Џерси, а ќе одржи и предавање на Правниот факултет на Универзитет „Харвард“.
XS
SM
MD
LG