Достапни линкови

logo-print

Дачиќ: Ќе градиме нови мостови во регионот и со Приштина


Српскиот премиер Ивица Дачиќ денеска изјави дека Владата ќе настојува „да најде решенија за сите прашања и да изгради нови мостови со земјите во регионот и со институциите во Приштина“.
Дачиќ на вторииот белградски Безбедносен форум оцени дека прашањето за Косово претставува потенцијално најголем извор на нестабилност за Србија и повтори дека ставот на Белград се темели врз Резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации 1244 и на правниот поредок во Србија.
Дачиќ смета дека признавањето на Косово и Метохија од страна на некои држави во регионот придонесе за усложни приликите и го одалечи дијалогот.
XS
SM
MD
LG