Достапни линкови

Ке има ли Геј Парада во Белград на 6 октомври?


Србија - банер против Парадата на Гордоста

Србија - банер против Парадата на Гордоста

Парадата на гордоста во Белград треба да се одржи на шести октомври, една година откако српските власти тоа го забранија поради безбедносни причини,изјави Горан Милетиќ, член на организацискиот комитет.
Тој изјави дека ова ќе биде тест за новата Влада, составена од претставници на националистичката Српска напредна партија и од Социјалистичката партија на Србија. Српскиот премиер и министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ претходно изјави дека геј парадата не треба да се сфаќа како прашање за човековите права или да се претставува како виза за членството на Србија во Европската унија.
„Не станува збор за човековите права туку за безбедноста на луѓето. Има земји кои не организираат геј паради и кои се земји-членки на ЕУ“, изјави Дачиќ
XS
SM
MD
LG