Достапни линкови

Арифи во Вашингтон се сретна со Гордон и Рикер


Вице премиерот Теута Арифи вчера во Стејт Департментот имаше средба со помошникот државен секретар за европски и евроазиски прашања Филип Гордон и со помошникот заменик државен секретар Филип Рикер, јави МИА.
Арифи изјави дека со Гордон разговарале за ероатлантските интеграции, спорот за името и за состојбите во владејачката колиција.

„Јас брифирав за процесот на дијалог на високо ниво со Европската унија кој американската аминистрација максимално го поддржува, за стабилноста во регионот како и за односите во владејачката коалиција во Македонија.

изјави Арифи.

Вицепремиерката најави дека Македонија од САД ќе добие поддршка и за очекуваната нова препорака на Европската комисија за отворање на преговорите за членство на Македонија во ЕУ.
XS
SM
MD
LG