Достапни линкови

Се очекуваат големи протести во Пакистан


Pakistan

Pakistan

Денеска во Пакистан се очекуваат протести на десетици илјадни луѓе против филмот со кој се исмевал пророкот Мухамед.
Пакистанската влада овој ден го прогласи за празник на љубовта кон пророкот и побара протестите да бидат мирни. Вчера пред американската амбасада беше употребен гас за да се растераат демонстрантите.
Во меѓувреме, неколку пакистански ТВ канали објавија видео клипови во кои американскиот претседател Барак Обама и Државниот секретар Хилари Клинтон го осудуваат филмот во кој се навредува пророкот Мухамед.
Стејт департментот соопшти дека амбасадата на САД во Исламабад го поделила краткиот клип, во кој меѓу другото се нагласува дека филмот не е направен од страна на американската влада и оти никогаш нема оправдување за насилства.
XS
SM
MD
LG