Достапни линкови

Турција - се очекува пресуда за случајот „Чекан“


Премиерот Реџеп Ердоган и шефот на Генералштабот Неџет Озел

Премиерот Реџеп Ердоган и шефот на Генералштабот Неџет Озел

Турскиот суд треба да донесе пресудата за стотиците воени офицери обвинети за заговор против владата со исламски корени на премиерот Реџеп Таип Ердоган. Обвинителите побараа 365 те воени офицери да бидат осудени до 20 години. Офицерите се обвинети за планирање бомбашки напади врз џамии во Истанбул и започнување конфликт со соседна Грција со цел да се предизвика воен удар во Турција.
Обвинетите во т.н. случај "Чекан" ги негираат обвиненијата, велејќи дека наводниот заговор во 2003 бил редовно планирана воена вежба. Турската војска изведе три воени удари меѓу 1960 и 1980 година.
XS
SM
MD
LG