Достапни линкови

Нов член на македонската група во Конгресот на САД


Американскиот конгресмен Адам Кинзингер е најновиот, 16-ти член на македонската група во Конгресот на Соединетите Американски Држави. Кинзингер е претставник од Сојузната држава Илиноис, и воедно е заменик шеф на пратеничката група на Републиканската партија во Конгресот, изјави Мето Колоски, претседател на Обединетата македонска дијапора (ОМД).
Конгресменот Кинзингер беше наведен како еден од 40-те ѕвезди во подем во изборот на списанието Тајм. Од ОМД потсетуваат дека Кинзингер е еден од 54-те конгресмени кои во пресрет на самитот на НАТО во Чикаго се потпишаа на отворено писмо до претседателот Барак Обама во кое се бараше поддршка за приемот на Македонија во НАТО.
XS
SM
MD
LG