Достапни линкови

Франција денеска ги затвори амбасадите во муслиманските земји


Француските амбасади, конзулати, културни центри и училишта во 20-ина муслимански земји денеска, на денот на молитвите, ќе бидат затворени. Ова го соопшти француската влада, која со тие мерки на претпазливост одговара на најавените протести поради објавата на карикатури на пророкот Мухамед во еден француски сатиричен весник.
Во меѓувреме владата на Тунис ги забрани за денеска најавените демонстрации во таа земја поради овој потег на францускиот весник. Повикот за протестите беше раширен преку интернет социјалните мрежи.
XS
SM
MD
LG