Достапни линкови

Иран обвинет за извоз на оружје во Сирија


Западните земји- членки на Советот за безбедност на ОН го обвинија Иран дека ја снабдува Сирија со оружје. На вчерашниот состанок, САД, Британија, Франција и Германија изразија сериозна загриженост поради тоа што Техеран извезува оружје за режимот на претседателот Башар Асад и ја крши забраната на ОН за извоз на оружје.
Амбасадорите на западните земји исто така го обвинија Иран дека ги игнорира барањата на ОН да ги отвори клучните нуклеарни капацитети за меѓународните инспектори, изразувајќи загриженост дека Техеран сака да изгради нуклеарен арсенал.
Иран, пак, инсистира дека неговата нуклеарна програма е за мирновременска цивилна употреба.
XS
SM
MD
LG