Достапни линкови

САД бараат од Русија повеќе време за крај на мисијата на УСАИД


САД побараа од Русија повеќе време за завршување на работата на Агенцијата за меѓународен развој (УСАИД) во таа земја. Руските власти им наложија на САД да ги затворат операциите на УСАИД во земјата до 1 октомври, обвинувајќи ја организацијата дека се обидува да влијае врз руските избори преку грантови. Портпаролот на Стејт департментот Викторија Нуланд изјави дека САД и ветиле на Русија дека нема да има нови договори и програми, но оти бараат повеќе време за завршување на започнатите проекти.
Портпаролот на руското министерство за надворешни работи Александар Ликашевич изјави дека Москва останува на ставот оти одлуката е донесена и дека таа одлука на една суверена земја мора да биде спроведена.
XS
SM
MD
LG