Достапни линкови

Повлечени американските „ударни“ трупи од Авганистан


Последните од 33-те илјади „ударни“ војници, кои беа распоредени во Авганистан пред три години по наредба на претседателот Барак Обама, се повлекоа од земјата, соопштија американски официјални претставници. Секретарот за одбрана Леон Панета изјави дека овие трупи ги исполнија целите за кои беа формирани, односно да ги потиснат Талибанците и да отворат простор за силите на НАТО да изградат авганистанска армија до степен кога таа ќе може да ја преземе грижата за безбедноста во земјата.
По ова повлекување, во Авганистан остануваат 68.000 американски војници и околу 40 илјади од другите партнери од коалицијата на НАТО. Според планот, Авганистанците треба да ја преземат одговорноста за својата безбедност до крајот на 2014 година.
XS
SM
MD
LG