Достапни линкови

Времето денеска- сончево со мала облачност


Времето во Македонија вo претпладневните часови ќе биде облачно и ќе дува засилен северозападен ветер. Попладне облачноста и брзината на ветерот ќе се намалуваат, така што ќе преовладува сончево време со умерена локална облачност.
Утринската температура се движи од шест до 15, а дневната ќе биде од 13 до 21 степен.

Во Скопје времето ќе биде сончево со умерена облачност и со засилен ветер од северозападен правец. Утринската температура се спушти до 13, а дневната ќе достигне до 21 степен.

Во деновите од викендот утрата ќе бидат доста свежи, а преку денот ќе преовладува сончево, тивко и потопло време.
XS
SM
MD
LG