Достапни линкови

Односите меѓу Вашингтон и Украина „на чекање“


Филип Гордон, американски помошник државен секретар за европски и евроазиски прашања.

Филип Гордон, американски помошник државен секретар за европски и евроазиски прашања.

Односите меѓу Вашингтон и Украина се „на чекање“ поради затворањето на поранешната премиерка Јулија Тимошенко и другите лидери на Портокаловата револуција, изјави денеска Филип Гордон, американскиот помошник државен секретар за европски и евроазиски прашања.
Американскиот Комитетот за надворешни односи во Сенатот денеска го повика Стејт департментот да го повлече американскиот амбасадор од Киев и да се наметне визна забрана за претседателот Виктор Јанукович и за други официјални лица одговорни за затворање на Тимошенко", изјави Гордон за Радио Слободна Европа.

„Не е наша политика во моментов да ги пресечеме врските со украинската влада, туку да се обидеме да ја натераме владата да направи вистинската работа за изборите и судските процеси."
XS
SM
MD
LG