Достапни линкови

logo-print

Грција - повторно нема договор за новите мерки за штедење


Коалициските партнери во Грција на денешната средба не успејаа да се договорат за пакетот нови рестриктивни мерки, кој е од големо значење за финансиското опстојување на земјата.

Грчкиот премиер Андонис Самарас се сретна со лидерите на двете владејачки партии, со цел да ги разгледаат мерките во вредност од 11,5 милијарди евра.
Политичарите не можат да постигнат согласност околу деталите од пакетот, кој се очекува да вклучи повторно намалување на платите и пензиите за периодот 2013-2014 година.

Нова средба меѓу трите коалициски партнери е планирана за следната недела.
XS
SM
MD
LG