Достапни линкови

Грубјешиќ-Србија без голем напредок во европската интеграција


Потпретседателката на Владата на Србија, Сузана Грубјешиќ оцени дека Европската комисија до крајот на годинава нема да може да препорача на Србија да и се одобри датум за почеток на преговорите за членство во ЕУ.

„Никој, па ни ЕК не може да констатира дека Србија направила толку голем напредок во процесот на европската интеграција за да може во декември да препорача до Европскиот совет да и се даде датум за почнување на преговори“, изјави Грубјешиќ.
XS
SM
MD
LG