Достапни линкови

logo-print

Осомничениот за палење на амбасада на САД во Белград ослободен од обвинението


Милан Живановиќ, кој беше обвинет за потпалување на амбасадата на САД во Белград во 2008 година, е ослободен од обвиненијата за учество во палењето, но осуден е на една година затвор за кражба на кожна јакна, ракавици и телефон.
Живановиќ, студент по економија, беше обвинет за учество во палењето на американската амбасада на 21 февруари 2008 година, кога во пожарот загина Зоран Вујовиќ од Нови Сад, како и за кражба на јакна и ракавици од еден службеник на дипломатското претставништво. Тој, исто така, беше обвинет и дека го отстранил американското знаме од зградата и го поставил српското.
За време на судскиот процес Живановиќ изјави дека не е виновен и не го предизвикал пожарот, нити пак имал запалливо средство кога влегол во амбасадата, додавајќи дека тогаш бил под дејство на алкохол.
По речиси три години траење на процесот судот утврди дека нема докази дека обвинетиот сам или во група учествувал во палењето на зградата, но го осуди на една година затвор поради кражба.
XS
SM
MD
LG