Достапни линкови

Сила Бога не моли


Дарко Давитковски, претседател на Социјалдемократска младина на Македонија.

Дарко Давитковски, претседател на Социјалдемократска младина на Македонија.

И замислете најголемата студентска организација олицетворена во СПУКМ која треба да ги штити интересите на студентите дејствува како штаб на ВМРО-ДПМНЕ и работи под строга контрола на наредбодавците односно функционерите во ВМРО-ДПМНЕ, пишува Дарко Давитковски од СДММ во младинската он-лајн колумна на Радио Слободна Европа.

Почна уште една тешка година за македонскиот студент. Секоја генерација со свои предизвици викаат, ама само кај нас секоја генерација на студенти се бори со старите предизвици и капак на тоа секоја година му додаваат по некој предизвик плус. И наместо стекнувањето со квалитетно образование да му биде единственото нешто што ќе треба да го совлада во идните години, македонскиот студент ќе треба да се моли за кревет, за потписи, плаќање за КЗЖ, да се моли или да не моли, да учи или да се моли, да се моли во партија или во црква, епа амин.
Имено кога стигнаа списоците за сместување на студентите имало и студент член на СДММ со просек 9,5, со положени 40 испити, но со една „маана“ - имал членска книшка од партија од опозицијата и заради тоа не го добива местото во студентски.

И замислете, најголемата студентска организација олицетворена во СПУКМ која треба да ги штити интересите на студентите дејствува како штаб на ВМРО-ДПМНЕ и работи под строга контрола на наредбодавците односно функционерите во ВМРО-ДПМНЕ.

Така секоја година доаѓаме до истиот проблем, проблемот за сместување на студентите. Јавна тајна е дека најлесно се сместуваат студентите со книшка од ВМРО-ДПМНЕ или со препорака од нивните штабови.

Потоа следува сместувањето за „обичниот“ студент и на крај ако некој случајно е член на СДСМ му следува забрана за сместување. И узурпаторот на функцијата претседател на СПУКМ бидејќи ја држи истата функција една година по завршувањето на мандатот, делува како да му имаат вградено ГПС уред со гласовна команда во главата.

Имено кога стигнаа списоците за сместување на студентите имало и студент член на СДММ со просек 9,5, со положени 40 испити, но со една „маана“ - имал членска книшка од партија од опозицијата и заради тоа не го добива местото во студентски. Како може „претседателот“ на СПУКМ (кој треба да еднаков за сите) да дозволи да биде изваден овој студент од списокот за сместување, кога ги исполнува сите критериуми и кога месечните примања на неговата фамилија се одвај 16.000 денари. Како може истиот тој „претседател“ да дозволи овој студент да бара приватно сместување за да може да го продолжи своето школување.

Функционериве од власта ептен се по религијата, а веројатно само заради блиски релации со проповедниците за нив има исклучок од правилата не лажи и не кради. За нив не тоа важи, они имаат книшка од ВМРО - ДПМНЕ, а овие две институции по начинот на финансирање се тука некаде: што влезе таму не излегува, а не добиваш ни фискална.
Како мислат господата од ДПМНЕ овој студент да излезе на крај со трошоци за кирија, греење, храна и слично. Во претстојните месеци неговите и онака веќе истрошени родители ќе мора уште повеќе да го стегаат семејниот буџет кој тешко дека ќе може да издржи така стегнат до крајот на неговите студии. Благодарение на тебе „Медо“ и на твоите наредбодавци од твојата партија ова семејство нема да ги има минималните три оброка на ден. Нека ви служи на чест.

За жал повеќе изгледа и религијата не е во служба на сите. Денеска и да сакаш не можеш да стигнеш на ред да се помолиш, и за тоа треба врски. Функционериве од власта ептен се по религијата, а веројатно само заради блиски релации со проповедниците за нив има исклучок од правилата не лажи и не кради. За нив не тоа важи, они имаат книшка од ВМРО-ДПМНЕ, а овие две институции по начинот на финансирање се тука некаде: што влезе таму не излегува, а не добиваш ни фискална. И ќе разберам до некаде некој друг да глуми побожен, ама Ректорот на УКИМ е тоа неможам да разберам.

Добро, ќе може ли некој да ми објасни како е можно без срам да се гази статутот на УКИМ, ај налет статутот, како е можно некој да гази по Уставот на Република Македонија? Каква е целта на обидите за да се крши секуларноста во државата? Зарем никој не ја прочитал одредба во статутот на универзитетот која јасно кажува дека се гарантира слободата на вероисповед, но и дека религајата е одвоена од другите државни институции. Зарем на факултетите не студираат студенти припадници на различни религии? И навистина сакам да видам професори по хемија, квантна физика и други природни и технички науки како ќе поврзат религијата и нивната научна дејност. Секуларизмот постои за да се направи дистинкцијата помеѓу државата и религијата и никој нема право некому да му го скрати или загрози неговото право на верување или религија. За жал во едно мултиетничко и повеќе религиско општество како македонското ваквите испади не водат кон градењето на соживот и меѓуверска толеранција, напротив водат токму кон спротивното. Ова се сериозни прашања на кои треба сериозно да им се пристапи додека не станало предоцна.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG