Достапни линкови

Русија – Протерувањето на УСАИД не е изненадување


Русија соопшти дека протерувањето на американската агенција за развој УСАИД од земјата не треба да биде изненадување за САД. Портпаролот на руското Министерство за надворешни работи Александар Лукашевич изјави дека жали што таквата одлука предизвикала скандал. Тој рече дека Вашингтон бил однапред информиран за овој потег. Во принцип, рече тој, сите го сфатија и знаеја за овој проблем. Од УСАИД е побарано да ги стопира сите операции во Русија од 1 октомври. Портпаролката на Стејт департментот Викторија Нуланд вчера ја нарече жална ваквата одлука на Москва. Руското Министерство за надворешни работи ја обвини УСАИД дека се обидува да влијае на изборите во земјата преку своите грантови. Вашингтон ги отфрли овие обвинувања.
XS
SM
MD
LG