Достапни линкови

Прва жртва на западнонилска треска во Македонија


Еден човек заразен со западнонилска треска, починал вчера во Македонија. Кај уште два пациенти по направени лабораториски анализи се добиени позитивни резултати за присуство на западнонилска треска, изформираат од Институтот за јавно здравство.
Освен во Македонија, присуство на вирусот е регистрирано и во поголемиот дел од соседните земји - Грција, Србија, Хрватска, Косово како и во Романија, Русија, Италија, САД итн.
Западнонилската треска е заразно заболување кое се пренесува на човек при каснување од комарец и може да предизвика сериозни заболувања.
XS
SM
MD
LG