Достапни линкови

logo-print

Средба Попоски - Ховит во Скопје


Министерот за надворешни работи Никола Попоски денеска се сретна со известувачот за Македонија во Европскиот парламент, Ричард Ховит.

Од МНР соопштуваат дека Попоски го запознал Ховит со резултатите од последниот состанок на Пристапниот дијалог на високо ниво со Европската комисија и ја реафирмира целта на Македонија - неодложен почеток на преговорите за пристапување во ЕУ.

Европратеникот Ховит позитивно ги оценил резултатите во исполнувањето на задачите во сите области опфатени со Пристапниот дијалог со Европската комисија.

Попоски и Ховит размениле мислења и за актуелните состојби во Македонија, при што заеднички го споделиле ставот дека граѓанската платформа е вистинскиот пат кон Европската унија.

Посетата на европратеникот Ховит, како што велат од МНР, е за запознавање со напредокот во европскиот интегративен процес на Македонија, во пресрет на подготовките на наредната Резолуција на Европскиот парламент за Република Македонија.
XS
SM
MD
LG