Достапни линкови

Протести во Авганистан и Иран против навредите на Мухамед


Стотици Авганистанци протестирале денеска во Кабул против објавувањето на карикатури на пророкот Мухамед во Франција. Околу 300 луѓе извикувале „смрт за Франција“, „смрт за Америка“, поради нискобуџетниот филм „Невиноста на муслиманите“, со кој се навредува пророкот.

И во Техеран, голем број студенти и свештеници протестирале пред француската амбасада. Тие запалите француски и американски знамиња и извикувале „смрт за Франција„ и „долу САД“.

Полицијата во Исламабад морала да употреби оружје за да се справи со демонстрантите кои се обиделе да стигнат до силно обезбедуваниот дипломатски комплекс каде се сместени американски, британски и француски дипломатски мисии. Во Исамабад протестирале околу 1.000 луѓе.
XS
SM
MD
LG