Достапни линкови

logo-print

Судот забрани лекарите да штрајкуваат


Судот забрани лекарите да штрајкуваат. Основниот суд Скопје 2 донесе одлука според која се забранува штрајкот на лекарите кој беше закажан за на 24 септември. Забраната се должи на тоа што Самостојниот синдикат на клинички центар не доставил правила според кои ќе се одвива штрајкот.

Самостојниот синдикат на Клиничкиот центар се повикува на Уставот, според кој правото на штрајк им е гарантирано, а Министерството за здравство смета дека штрајкот е прерано закажан.

Министерството ја оспори одлуката за штрајк, тврдејќи дека не бил поминат рокот за преговори меѓу министерството и синдикатот.

Синдикалците најавуваат дека ќе ја обжалат одлуката на Судот и ќе поведат постапка за одредување нов датум за штрајк на лекарите.
XS
SM
MD
LG