Достапни линкови

Нападот врз американскиот конзултат во Бенгази беше терористички


Висок американски претставник за контра-тероризам оценил дека нападот на 11-ти овој месец врз американскиот конзулат во Бенгази, Либија, беше терористички напад, но веројатно не бил планиран претходно. Зборувајки пред членовите на Конгресот, Метју Олсен изјави дека индивидуалци, кои биле добро вооружени, ја искористиле стуацијата во таа ноќ и оти некои од нив веројатно се поврзани со терористичката мрежа Ал Каеда. Во нередите во таа ноќ во Бенгази, поттикнати од анти-муслиманскиот филм, беше убиен американскиот амбасадор во Либија и уште тројца американци.
XS
SM
MD
LG