Достапни линкови

Путин ќе им прости 500 милиони долари на Киргистан


Рускиот претседател Владимир Путин пристигна во Киргистан каде што ќе се сретне со неговиот колега Алмазбек Атамбаев. Се очекува двајцата претседатели да разговараат за договорот за зголемување на временскиот престој на руската воена база во Киргистан за најмалку 20 години, како и за бришење на речиси 500 милиони долари долг на Киргистан кон Русија. Претходно Путин се сретна и со претседателот Нурсулатан Назарбаев и присуствуваше на регионалниот форум за соработка.
XS
SM
MD
LG