Достапни линкови

Пратениците в понеделник пак ќе дебатираат за образованието


Пратениците во понеделник ќе ја продолжат расправата за информацијата за нарушување и загрозување на образовниот процес како резултат на големите владини долгови кон општините. Пратениците од опозицијата сметаат дека земјава се соочува со сериозни проблеми и деградирање на образовниот процес, како заради квалитетот на понуденото образование, така и заради финансиските предизвици со што се доведени до прашање спроведливоста на дел од проектите предвидени за годинава. За пратениците од владеачаката колиција тоа е само колку да се критикувало затоа што како што велат буџетот за образование е за 60 отсто зголемен за 2011 година споредено со 2005 година односно од 200 милиони евра на 344 милиони евра.
XS
SM
MD
LG