Достапни линкови

Франција се подготвува за насилни реакции


Франција се подготвува за судири по објавувањето на карикатуртара на пророкот Мухамед на насловна страна на француско списание. Париз соопшти дека во петок кога е ден за молитва, ќе ги затвори сите дипломатски мисии, културни центри и фракцуски училишта во околу 20 муслимански земји поради страв дека може да избијат насилни протести. Франиција веднаш ја затвори амбасадата и француското училиште во Тунис. Објавувањето на карикатурата следуваше по разгорувањето на страстите во исламскиот свет минатата недела по објавувањето на интернет трајлер од навредливиот филм за пророкот Мухамед. Филмот предизвика безредија во неколку муслимаски држави при што загинаа 30 луѓе.
XS
SM
MD
LG