Достапни линкови

logo-print

Арифи во САД: Македонија ја одработи својата задача


Вицепремиерката за европски прашања Теута Арифи при нејзината посета на САД изјави дека Македонија ја одработила својата задача и дека може да очекува уште еден позитивен извештај од Европската Комисија, но дека е можно, како и минатите години, позитивниот извештај и препораката за почнување на преговорите со ЕУ да бидат блокирани од страна на Грција.
Таа истакна дека земјава добила поддршка од партнерите за овој процес и дека САД се многу важен партнер на Македонија кои имаат свое влијание на земјите членки на Европската Унија.
Арифи за односите во владејачката коалиција во Македонија, изјави дека се работи за комплексни односи и различно гледање на некои прашања, и изрази надеж дека ќе се најде сила рационално да се пристапи на овие прашања во интерес на евроатланските интегративни процеси.
Арифи денеска ќе се сретне со претставници на американскиот Конгрес и Стејт Департментот.
XS
SM
MD
LG