Достапни линкови

Повици до Украина да не ја криминализираат клеветата


Меѓународните медиумски организации денеска ги повика украинските пратеници да го отфрлат закон со кој ќе се криминализира клевета. Парламентот на Украина оваа недела условно одобри закон со кој може да се наметнат казни затвор до пет години за клевета.
Од организацијата Репортери без граници, вели дека законот претставува закана за независното новинарство.
Во меѓувреме и претставникот на ОБСЕ за медиуми Дуња Мијатовиќ изрази загриженост за законот. Мијатовиќ ги повика пратениците да не го одобрат предлогот, велејќи дека криминализацијата на говорот “значи задушување на дебатите и заштита на државните службеници од критики.“
XS
SM
MD
LG