Достапни линкови

Асад- војната во Сирија е и против Иран и Хезболах


Сирискиот претседателот Башар ал Асад и иранскиот министерот за надворешни работи Али Акбар Салехи

Сирискиот претседателот Башар ал Асад и иранскиот министерот за надворешни работи Али Акбар Салехи

Сирискиот претседателот Башар ал Асад му рекол на иранскиот министерот за надворешни работи Али Акбар Салехи дека војната што ја потресе земјата не претставува закана само за Сирија, туку и за Иран и за либиското шиитско движење Хезболах, јави државната сириска телевизија.

Државната новинска агенција САНА јавува дека Асад изјавил дека војната за таргет ја има „оската на отпорот“, термин кој режимот на Асад, Иран и Хезболах го користат за себе во однос на нивната заедничка позиција кон Израел.

Пред разговорите со Асад во Дамаск, Салехи изјави дек 19-месечниот конфликт во Сирија може да го решат единствено Сиријците. Салехи во Дамаск имаше средби и со својот сириски колега Валид ал Моалем. Хезболах и Иран се клучни сојузници на режимот на Асад.
XS
SM
MD
LG