Достапни линкови

logo-print

Украина и плаќа на Русија за неуспешниот договор со Тимошенко


Судот во Киев денеска и нареди на украинската влада да и плати на Русија 382 милиони долари за неуспешниот договор во кој е вклучена фирмата која некогаш ја водела Јулија Тимошенко. Извештаи велат дека овој потег може да предизвика нови правни мерки против поранешната премиерка која e веќе во затвор. Украина ќе мора да му плати на руското Министерство за одбрана 382 милиони долари поради неуспешната зделка од 1997 со Унифицирани енергетски системи на Украина, компанијата која сега веќе е непостоечката, а на нејзино чело беше Тимошенко.
Русија бара 394 милиони долари оштета од Киев поради договорот, затоа што украинската влада гарантирала за фирмата.

Тимошенко се наоѓа на издржување седумгодишна затворска казна за злоупотреба на службената должност. Против неа во тек е процес и за проневера на пари и за затајување на данок.
XS
SM
MD
LG