Достапни линкови

Ховит - Добрососедските односи се приоритет


Постигнувањето на тој дијалог на високо ниво меѓу соседните држави е еден од приоритетите кон кој сите треба да се стремиме и всушност во таа насока, во таа филозофија и јас пристапувам, рече известувачот за Македонија во Европарламентот, Ричард Ховит.

Добрососедските односи се приоритет кон кој треба сите да се стремиме, изјави известувачот за Македонија во Европарламентот, Ричард Ховит на прашањето дали сега и македонско-бугарските односи можат да бидат пречка за напредок во евроинтеграциите.
Постигнувањето на тој дијалог на високо ниво меѓу соседните држави е еден од приоритетите кон кој сите треба да се стремиме и всушност во таа насока, во таа филозофија и јас пристапувам

„Постигнувањето на тој дијалог на високо ниво меѓу соседните држави е еден од приоритетите кон кој сите треба да се стремиме и всушност во таа насока, во таа филозофија и јас пристапувам.“

Ховит пристигна во Скопје два дена по посетата на еврокомесарот за проширување Штефан Филе, при што најпрвин имаше средба со министерот за локална самоуправа, Невзат Бејта околу напредокот во областа на децентрализацијата, како еден од клучните критериуми за членство во Унијата.
Најконструктивното нешто што можам да го кажам е дека секоја страна треба да биде свесна за чувствата на другиот.

А тука констатирани уште многу предизвици. На прво место, суштинското одвивање на процесот наспроти простото преземење на ингеренциите, правилното трошење на фондовите и транспарентноста, соодветната застапеност и рамноправниот регионален развој, како и финансиската децентрализација која заостанува зад речиси сите земји во регионот.

Неизбежно поставено и прашањето на четирите училишта во Чаир и поставените табли со нови имиња.

„Запознаен сум со случајот за училиштата за кои вие зборувавте, но во текот на нашиот состанок не стана збор за тоа прашање. Мојот личен став е разбирам дека се работи за чувствително прашање. Најконструктивното нешто што можам да го кажам е дека секоја страна треба да биде свесна за чувствата на другиот.“

Ховит беше запознат со акцискиот план за спроведување на децентрализацијата за периодот 2012-2014.

Неговата посета се случува и на дваесетина дена пред објавувањето на есенскиот извештај на ЕК. Европскиот парламент во март годинава усвои резолуција подготвена од Ричард Ховит во која уште еднаш европратениците побараа од советот на ЕУ во најкраток рок да одреди датум за почеток на преговорите за членство на Македонија. Во документот исто така, се поздравува пристапниот дијалог на високо ниво како чекор напред во процесот на членството на земјата во Унијата.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG