Достапни линкови

Дела на славниот Кристо на 40 Светска галерија на цртеж


Слика на Христо Јавашев-Кристо.

Слика на Христо Јавашев-Кристо.

Со доделување на Гран при за животно дело на славниот концептуалист Христо Јавашев-Кристо, награда за светско културно наследство на нашиот Димитар Аврамовски Пандилов и други признанија, утревечер од 20.20 часот, во изложбениот простор на „Остен“ ќе биде отворена јубилејната 40-та Светска галерија на цртеж.

Дела селектирани од вкупната понуда од над 990 пристигнати на конкурсот, на кој патем учество зеле 400 учесници од 46 земји од светот, ќе бидат претставени на изложбата на јубилејната 40-та Светска галерија на цртеж, „Остен - Биенале на цртеж Скопје 2012“.
Со така голем одзив, со толку многу дела, нормално требаше да воспоставиме систем на селекција и за тоа одбравме компетентни луѓе, меѓународно жири кое се погрижи за избор на делата од уметниците кои најпрвин ќе влезат во каталогот на Биеналето на цртеж, а потоа и ќе бидат наградени.

„Со така голем одзив, со толку многу дела, нормално требаше да воспоставиме систем на селекција и за тоа одбравме компетентни луѓе, меѓународно жири кое се погрижи за избор на делата од уметниците кои најпрвин ќе влезат во каталогот на Биеналето на цртеж, а потоа и ќе бидат наградени“, вели Корнелија Коневска, извршен директор на „Остен“.
Слика од македонскиот сликар Роберт Дандаров.

Слика од македонскиот сликар Роберт Дандаров.


А, интернационалното жири предводено од Николас Тау од САД, со Барнаби Рајт од Велика Британија и Павле Пејовиќ од Црна Гора како негови членови, се одлучи Гран при за животно остварување да му додели на светски познатиот концептуалист Христо Јавашев-Кристо, американски уметник со бугарско потекло, кој за жал поради отворањето на својата нова постановка во Колорадо нема да допатува во Македонија.
Цртежот е посветен на Свети Лука кој е заштитник и патрон на сликарите низ вековите и тој е претставен во едно атеље во кое се бори со овие наши творечки демони.

Наградата за светско културно наследство му е доделена на Димитар Аврамовски Пандилов, прв и најголем домашен импресионист и педагог кој остави неизбришливи траги во поставувањето на темелите на ликовната уметност во Македонија.

Од друга страна, од долгиот список со признанија ги издвојуваме и годинешните добитници на први награди - Американецот Виталиј Комар, Јиржи Андерле од Република Чешка, Црногорецот Златко Гламочак, Јеонг Мин Сух од Јужна Кореја и нашите Бане Наумовски и Роберт Дандаров, уметник кој подолго време живее и работи во Њујорк.

„Цртежот е посветен на Свети Лука кој е заштитник и патрон на сликарите низ вековите и тој е претставен во едно атеље во кое се бори со овие наши творечки демони“, истакнува Дандаров, кој овојпат од Македонија си заминува со убав прием на неговата изложба во Музеј на град Скопје и навистина вредно признание за сопствениот ликовен израз.

Од „Остен“, паралелно со активностите врзани за 40-та Светска галерија на цртеж, го најавуваат и формирањето на Музеј на цртеж, единствен од ваков вид чија цел ќе биде да се постават основите за понатамошно собирање, заштита и чување, но и проучување и презентирање на делата од автори од целиот свет.

„Музејот не е само зграда. Првенствено за него е потребна колекција, потребни се професионални луѓе кои што ќе ги селектираат и проучуваат делата и нормално потребни се услови за нивно евидентирање, чување и тн. Сите тие услови ние започнавме да ги создаваме. Направивме дата-база на податоци за сите дела кои што се во колекцијата на „Остен“, направивме портал, интернет страница на која ќе ги изложиме оние кои ќе влезат во „Остен - Музејот на цртеж“ и започнавме со негово формално регистрирање според позитивните законски нормативи во Република Македонија, Законот за музеи“, дополнува Коневска.
  • 16x9 Image

    Љупчо Јолевски

    Како новинар, водител и уредник Јолевски во новинарството е безмалку 4 децении. Кариерата ја почнал во Млад Борец на почетокот од 1980-тите. Потем долги години бил во Телевизија Скопје и во Македонското радио - Втора програма, како и во други медиуми. Во Радио Слободна Европа Јолевски е од самиот почеток на емитувањето на програмата на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG