Достапни линкови

logo-print

Средба Попоски-Аврамопулос во Њујорк


Министерот за надворешни работи Никола Попоски.

Министерот за надворешни работи Никола Попоски.

Грчкиот министер за надворешни работи Димитрис Аврамопулос во Њујорк за време на Генералното собрание на ОН ќе се сретне so неговиот македонски колега Никола Попоски, јави МИА.

Аврамопулос средбата ја најави за време на брифингот пред парламентарниот Комитет за одбрана и надворешна политика.

Според последните изјави на Аврамопулос, Грција и на оваа средба оди со ставот дека Атина „прави се и е конструктивна во процесот за решавање на прашањето за името“.

Аврамопулос исто така рече дека „конечно решавање на прашањето за името е една од најважните цели на грчката надворешна политика и е од витално значење за Грција“.
XS
SM
MD
LG