Достапни линкови

Отворена истрага за албанската химна на Тетовскиот универзитет


Јавното обвинителство отвори истрага за кривично дело „предизвикување на национална, расна и верска омраза“ во врска со интонирањето на албанската химна на првиот академски час на Државниот универзитет во Тетово.
Јавниот обвинител Љупчо Шврговски во изјава за МИА вели дека ќе се побара од полицијата да утврди кој е организатор за да може потоа да одлучат дали ќе поведат официјална кривична постапка.
Новата академска година на Државниот универзитет во Тетово на 17 септември почна со интонирање на албанската химна.
Министерот Кралев вчера го осуди интонирањето на албанската химна и ги повика надлежните институции да преземат мерки согласно законот.
XS
SM
MD
LG