Достапни линкови

Бомбашки напад во шопинг центар во Пешевар


Архивска фотографија.

Архивска фотографија.

Во експлозија на бомба во Пешевар, во област со шопинг центри, загинале меѓу 4 и 10 луѓе, а околу 20 се повредени. Во експлозијата биле уништени и околу 10 продавници. Агенцијата Франс Прес цитира пакистански полициски власти кои велат дека во нападот загинале 8 луѓе, а 22 се повредени. Пешевар е најголемиот град во северозападен Пакистан, каде се наоѓаат проблематичните области кои се база на Талибанците и на милитанти од Ал Каеда.
XS
SM
MD
LG