Достапни линкови

Македонците и Албанците спротиставени за Слупчане


За испитаниците Македонци настанот во Слупчане кога министерот за одбрана Фатмир Бесими се поклони пред споменик на борците на ОНА не води кон помирување во земјата, додека испитаниците Албанци имаат спротивно мислење.

Покажале резултатите од анкетата што ја спровеле Институтот за демократија и Македонскиот центар за меѓународна соработка. Останатите етнички заедници во целина негативно гледаат на овој гест.

Резултатите покажуваат дека кај испитаниците Македонци секој седми од 10 прашани, сметаат дека поклонувањето пред споменикот на ОНА во Слупчане не придонесува кон помирување, за разлика од испитаните етнички Албанци од кои секој осми од 10 се изјаснил дека тоа е позитивен акт на помирување.

Резултатите од истражувањето за мислењето на граѓаните како треба да се надмине сегашната криза покажуваат дека речиси половина од испитаниците или 49 проценти сметаат оти кризата треба да се надмине преку дијалог во институциите, 15 отсто дека се потребни предвремени парламентарни избори, а 13 проценти дека кризата може да се реши со формирање ново владејачко мнозинство.

Испитувањето на јавното мислење е спроведено во периодот меѓу 14 и 17 септември со телефонска анкета на репрезентативен примерок од 1.100 испитаници.
XS
SM
MD
LG