Достапни линкови

Купишта ѓубре извадени од Охридското Езеро


Нуркачи го чистат Охридското Езеро од отпад.
Нуркачи го чистат Охридското Езеро од отпад.

Во Охридското Езеро може да се најде најразновиден отпад - од апарати за домаќинство, железо, пластика, градежен шут, спортски реквизити...

Состојбата со загаденоста на водните површини во Македонија е загрижувачка. Особено ситуацијата е алармантна со реките, пред сè оние во западна Македонија, велат добрите познавачи на приликите. Според Киро Ангелески, претседател на нуркачкиот клуб „Врело“, чистењето на реките од отпадоци е многу потешко од езерата.
Во Македонија се загадени најмногу реките, но и езерата и тоа најмногу со пластика, лименки, гуми, стакло и таков вид на отпад. Реките во западна Македонија се најкритични, каде отпад се фрла директно во реките, и не само во западна Македонија, туку и во сите населени места каде има реки.
Киро Ангелески, претседател на нуркачкиот клуб „Врело.

„Треба синхронизирани акции со комуналните служби, со месното население и со нуркачите. Во Македонија се загадени најмногу реките, но и езерата и тоа најмногу со пластика, лименки, гуми, стакло и таков вид на отпад. Реките во западна Македонија се најкритични, каде отпад се фрла директно во реките, и не само во западна Македонија, туку и во сите населени места каде има реки“, вели Ангеловски.

Охридското Езеро беше дел од првата подводна глобална акција за чистење на водите во светот деновиве. Се чистеа и крајбрежјата во вкупно 35 земји во светот, меѓу кои и оние во Хрватска, Словенија, Црна Гора, Србија, Босна.

Васко Николоски од нуркачкиот клуб Амфора од Охрид вели дека во Охридското Езеро може да се најде најразновиден отпад од апарати за домаќинство, стари шпорети, фрижидери, железо, пластика, дрва, градежен материјал, спортски реквизити...
Има сè и сешто, од шпорети до кади. Во Трпејца после рушењето имаше големи количини на градежен шут. Минатата година, кога беше мапирањето, најкритчна точка беше кај Заливот на коските во Градиште. На местата каде се мрести пастрмката имаше фрлено десет вреќи на градежен шут. И тие беа извадени под итно, за да циклусот на мрест на пастрмката се запази во јануари.
Јасмина Момироска, сектор за заштита на животна средина во општина Охрид.

„Ние како клуб Амфора имаме организирано голем број акции за чистење на водите на езерото од тврд отпад. Извадени се повеќе тони шут од езерото. Не престануваме тука и понатаму ќе продолжиме да организираме такви акции. Тоа треба да послужи како една порака до граѓаните на Охрид и сите посетители да не се фрлаат отпадни материјали во езерото“, вели Николоски.

Јасмина Момироска од секторот за заштита на животна средина во општина Охрид вели дека во рамките на програмата за заштита на живтната средина, минатата година извршиле мапирање на жешките точки во езерото. Станува збор за Трпејца, Пештани, Свети Стефан, Градскиот кеј, Канео и Грашница каде има најголема количина на цврст отпад.

„Добивме неверојатни подводни снимки од нуркачите. Има сè и сешто, од шпорети до кади. Во Трпејца после рушењето имаше големи количини на градежен шут. Минатата година, кога беше мапирањето, најкритчна точка беше кај Заливот на коските во Градиште. На местата каде се мрести пастрмката имаше фрлено десет вреќи на градежен шут. И тие беа извадени под итно, за да циклусот на мрест на пастрмката се запази во јануари“, вели Момироска.

Деновиве во Охридското Езеро на локацијата кај Сараиште била забележана комплет конструкција од кош поради што наскоро ќе биде спроведена акција за негово вадење. Во октомври вакви акции ќе се спроведат во Тиквешкоти и во Дојранското Езеро.
XS
SM
MD
LG