Достапни линкови

Иран чека резултати од Ештон, пред нова рунда преговори


Иранскиот преговарач за нуклеарна програма Саид Џалили и високиот претставник за надворешна политика на ЕУ Кетрин Ештон

Иранскиот преговарач за нуклеарна програма Саид Џалили и високиот претставник за надворешна политика на ЕУ Кетрин Ештон

Иранскиот преговарач за нуклеарна програма Саид Џалили денеска изјави дека Техеран чека првин на исход од консултациите помеѓу високиот претставник за надворешна политика на ЕУ Кетрин Ештон и претставниците на шесте светски сили пред да се одржат долнителни разговори за иранската нуклеарна програма.

Ештон треба да се сретне со претставниците на петте постојани членки на Советот за безбедност и Германија за време на Генералното собрание во Њујорк следната недела.

Џалили вчера се сретна со Ештон во Истанбул. Тој состанокот го опиша како „плоден“.
Западните силе се загрижена дека Иран произведува нуклеарно оружје. Техеран тврди дека нивната нуклеарна програма е за мирољубиви цели.
XS
SM
MD
LG