Достапни линкови

logo-print

Иранскиот министер за надворешни работи во посета на Сирија


Иранскиот министер за надворешни работи Али Акбар Салехи.

Иранскиот министер за надворешни работи Али Акбар Салехи.

Иранскиот министер за надворешни работи Али Акбар Салехи денеска пристигна во Сирија на разговори со својот сириски колега Валид Ал Моалем. Салехи претходно беше во Египет каде имаше состанок со „контакт група“, за Сирија. Во групата членуваат претставници на Египет, Иран, Саудиска Арабија и Турција.
На средбата присуствуваше и специјалниот претставник на ОН и Арапската лига за Сирија Лакдар Брахими.
Иран е еден од најсилните сојузници на сирискиот претседател Башар ал Асад.
XS
SM
MD
LG