Достапни линкови

Грција- Решавање на прашањето за името е од витално значење


Конечно решавање на прашањето за името е една од најважните цели на нашата надворешна политика и е од витално значење за Грција, изјави грчкиот министер за надворешни работи Димитрис Аврамопулос во вчерашното обраќање пред парламентарниот Комитет за одбрана и надворешна политика.

Аврамопулос рече дека на „на Грција и треба веродостоен соговорник и партнер за решавање на ова прашање“ и оти Атина е за продолжување на преговорите под покровителство на ОН.

Подоцна, одговарајќи на прашања од членовите на Комитетот, тој рече дека Грција е за ефективни средби со македонските власти. Аврамопулос додаде дека „со години наназад грчките власти имале средби со властите во Скопје, но досега нема решение“.
XS
SM
MD
LG