Достапни линкови

Стано- ЕК нема да зазема страна во споровите меѓу Бугарија и Македонија


Трето полувреме, филм на Дарко Митревски, официјален постер.

Трето полувреме, филм на Дарко Митревски, официјален постер.

Европската комисија нема да зазема страна во споровите меѓу Бугарија и Македонија за културно-историското наследство и сака тие да бидат решени преку билатерален дијалог, изјавил Петер Стано, портпаролот на еврокомесарот за проширување Штефан Филе.

Стано за Бугарското национално радио ги коментирал односите Софија - Скопје, конкретно во врска со филмот „Трето полувреме", кој според бугарските политичари и историчари ги искривувал фактите од Втората светска војна и поттикнувал омраза кон Бугарија.

„Ние нема да ги коментираме чувствата или интерпретациите на која и да било од страните. Ако тој филм поставува прашања, ако допира чувствителни теми и ако создава проблеми во односите меѓу двете земји, тогаш тие треба да ги разгледаат тие проблеми и да ги надминат“, изјавил Стано.
XS
SM
MD
LG