Достапни линкови

Мисијата на УСАИД протерана од Русија


Руското министерство за надворешни работи денеска соопшти дека протерувањето на американската Агенција за меѓународен развој, УСАИД од Русија било поради обидите на таа мисија да влијае врз руската политика и изборите. Изјавата на министерството дојде ден откако Вашингтон објави оти Москва нареди од први идниот месец да биде затворена мисијата на таа американска агенција. Членот на Централната изборна комисија Маја Гришина рече дека затворањето на УСАИД нема да го загрози квалитетот на изборите во земјата.
XS
SM
MD
LG