Достапни линкови

Прво пресадување на матка во светот


Во Шведска биле извршени први пресадувања на матки од мајка на ќерка. Специјалисти во Универзитетот во Гетенборг соопштија дека операцијата ја извеле без компликации, но оти нема да ја оценат за успешна се додека двете жени не родат здрави деца. На едната од нив матката и била отстранета откако и била зафатена со рак, додека другата била родена без матка.
XS
SM
MD
LG