Достапни линкови

Албанските пратеници без имунитет


Пратениците во албанскиот парламент го одобрија уставниот амандман со кој им се ограничува имунитетот што го имаа за кривично гонење. Пратениците едногласно решија да дозволат покренување обвиненија против нив без претходна согласност од парламентот. Новиот закон ќе важи и за судиите. Албанија во 2009 година аплицираше за влез во Европската унија, но не успеа да ги исполни условите во кои се вклучeни и реформи во правосудниот систем.
XS
SM
MD
LG