Достапни линкови

logo-print

Временска прогноза-променливо облачно со сончеви периоди


Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, наместа ќе има и локален краткотраен дожд особено во северозападниот и југоисточниот дел на земјава. Преку денот ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југозападен правец. Утринската температура ќе се движи од 11 до 16, а дневната од 22 до 28 степени.
Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, во попладневните часови ќе има услови за локален краткотраен дожд. Утринската температура ќе се спушти до 14, а дневната ќе се искачи до 27 степени.
XS
SM
MD
LG