Достапни линкови

Омер Калеши - Им припаѓам на Македонците, Албанците и на Турците


Сликарот Омер Калеши и писателот Јордан Плевнеш во Скопје.

Сликарот Омер Калеши и писателот Јордан Плевнеш во Скопје.

„Главата на Омер Калеши во светското сликарство“ од Јордан Плевнеш е насловена монографијата што денеска беше промовирана во Националната галерија на Македонија, Даут-пашин амам. Наедно беше официјализирана донацијата на две дела на големиот сликар за колекцијата на Галеријата.

Јас им припаѓам и на Македонците и на Албанците и на Турците. И, затоа секогаш кога имам некоја изложба во Париз, како ретроспективната во УНЕСКО во 2002 година што ја направи Јордан Плевнеш кој тогаш беше амбасадор на Република Македонија таму, присутни се и амбасадорите на Република Албанија и на Турција... Сите работи што ги правиме ги правиме заеднички. Тоа е соединување. На тој начин – со уметничка соработка, со изложби, со книги... Затоа со него ја направивме оваа книга и на турски и на француски и на албански и на македонски. Тоа е многу убава работа.
Јас им припаѓам и на Македонците и на Албанците и на Турците. И, затоа секогаш кога имам некоја изложба во Париз, како ретроспективната во УНЕСКО во 2002 година што ја направи Јордан Плевнеш кој тогаш беше амбасадор на Република Македонија таму, присутни се и амбасадорите на Република Албанија и на Турција... Сите работи што ги правиме ги правиме заеднички. Тоа е соединување. На тој начин – со уметничка соработка, со изложби, со книги... Затоа со него ја направивме оваа книга и на турски и на француски и на албански и на македонски. Тоа е многу убава работа.

Еве вака говори Омер Калеши, уметник чии дела се изложени во голем број галерии на сите пет континенти и творец кој со своето дело го обединува вечно разделениот Балкан.

Тој е роден е во кичевското село Србица во 1932 година, од татко Албанец и мајка Македонка со муслиманско потекло. Македонскиот му е мајчин јазик. Се школувал во Скопје, студирал во Истанбул, Турција, а повеќе од 30 години живее и работи во Париз.

За него академик Луан Старова ќе забележи:
Сликарот Омер Калеши.

Сликарот Омер Калеши.


„Треба да се чувствуваме горди што во нашата земја изникна и се создаде еден таков смел човек што има силна функција да го обединува светот.“

Авторот на монографијата „Главата на Омер Калеши во светското сликарство“ Јордан Плевнеш, пак, заклучува:

„Ако не постоеше Омер Калеши тој требаше да биде измислен бидејќи во овие децении на големи турбуленции е единствената трајна духовна вертикала, еден духовен свет врзан за вредностите на Балканот, човек кој што ги бранеше достоинствата на убавината на балканската цивилизација.“

Големиот уметник, видно задоволен од фактот што неговиот јубилеј - 50-годишнината од неговото творештво и 80-годишнината од животот се најде на листата на прослави на Собранието на Република Македонија и на тој начин беше сторена иницијацијата за одбележување во четирите земји, вели:

„Не мислев воопшто да го славам јубилејот оти еднаш тоа веќе го сторив во Париз, но кога вие во Македонија направивте убав гест за мене тогаш тоа ми даде поттик истово да го направиме и во другите држави. Еве сега со Јордан и со книгата одиме во Турција каде што во галеријата каде што работам ќе направиме изложба, а ќе има нешто и во Албанија и потоа во Франција.“

По промоцијата и донацијата на делата „Чобан“ и „Глава“, во октомври годинава, во Националната галерија на Македонија Даут пашин амам ќе се одржи и ретроспективна изложба на Омер Калеши за која тој потенцира:

„Можам да донесам за изложбата 30 големи слики, но тоа е многу тешка работа. Затоа решивме со Климе Коробар кој ги организира овие работи да се донесат 17-те слики што ги подарив во Косово и згора на тоа да се соберат оние десетина што ги има овде во Македонија, нешто во Скопје, потем во Кичево и заедно со овие две ќе се соберат некаде триесетина што ќе бидат претставени заедно со монографијата“, вели Калеши.
  • 16x9 Image

    Љупчо Јолевски

    Како новинар, водител и уредник Јолевски во новинарството е безмалку 4 децении. Кариерата ја почнал во Млад Борец на почетокот од 1980-тите. Потем долги години бил во Телевизија Скопје и во Македонското радио - Втора програма, како и во други медиуми. Во Радио Слободна Европа Јолевски е од самиот почеток на емитувањето на програмата на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG