Достапни линкови

Србиja очeкува до јуни 2013 да добие датум за преговори со ЕУ


Србија очекува Брисел да го соопшти датумот за почнување на преговори за членство на Србија во Европската унија до јуни следната година, изјави денеска српскиот вицепремиер и министер за одбрана Александар Вучиќ.

„Претходната влада потпиша мноштво спогодби, но не направи ништо за нивното реализирање, оставајќи ја валканата работа за нас“, рече Вучиќ, изразувајќи надеж дека граѓаните на земјата го сфаќаат тоа.

На новинарско прашање дали во Србија може да се организира референдум за можно признавање на независноста на Косово во замена за членство во ЕУ, вицепремиерот изјави дека не слушнал за такво сценарио, но не ја отфрла таквата можност.

„Референдумот секогаш останува последното средство за изразување на демократската волја на граѓаните“, рече Вучиќ.
XS
SM
MD
LG