Достапни линкови

Египет бара да им се суди на луѓето поврзани со анти-исламскиот филм


Главниот обвинител на Египет побара да им се суди во земјата на седум египетски коптски христијани кои живеат во САД, а имаат врска со анти-исламскиот филм кој предизвика немири низ муслиманскиот свет. Обвинителите ги обвинуваат седумте Копти за богохулење, обиди да се раздели Египет и предизвикување на секташки раздор. Обвинителството соопшти дека на обвинетите може да им се суди во отсуство и може да се соочат со смртна казна. Најмалку 19 луѓе се убиени низ муслиманските земји, за време на протестите против видеото. Првите протести избувнаa во Каиро на 11 септември.
XS
SM
MD
LG